Времето утре во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР.
Две вили се опожарени од кои едната и целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци.
Од втората половина на овој месец на поширокото полошко подрачје во полн ек е организирањето свадбени и други свечености
Општина Охрид нема да дозволува диво поставување урбана опрема на плажите на Охридското Езеро, единствено само оние субјекти што имат склучено соодветни договори со Општината
Од утре до 27 јули на територијата на општина Чешиново-Облешево ќе се реализира ларвициден третман против комарците, при што ќе се прска од земја
Јавното претпријатие „Куманово гас“ заврши со изградбата на новата дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 350 метри на улицата „Васко Карангелевски“ до крстосницата со улицата „Видое Смилевски – Бато“ во населбата „Гоце Делчев“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието
И годинава испораката на огревно дрво за кичевските пензионери е под очекуваното ниво, бидејќи се ветуваше до средината на летото дрвата во целост да бидат испорачани.Но според изјавата од Здружението на пензионери од Кичево, досега се испорачани едвај 30 проценти од договорените количества огревно дрво
Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита
Во подрачното училиште во село Моин, кое работи во состав на Оновното училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, со сопствени средства почнаа активностите за целосно оградување на училиштето и за хортикултурно уредување на дворната површина, соопштија од гевгелиското училиште
Во Демир Хисар денеска ќе биде означен почетокот на работата на Нега центар, кој ќе дава услуги за нега и поддршка на стари лица