Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Од утре повторно во функција ќе биде ставен шестоседот, кој граѓаните бесплатно ќе можат да го користат во двата дена од претстојниот викенд, информираат од скијачко туристичкиот центар Попова Шапка.
Во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ денеска е отворена изложбата на дела од уметничката Христина Зафировска. Делата во акрилна техника ја откриваат преокупираноста на Зафировска со вирусот Ковид-19.
Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година – енергетска ефикасност, Општина Велес ќе користи финансиски средства во висина од 2.341.543 денари кои ќе бидат наменети за замена на столаријата во ООУ „Васил Главинов“, односно старите и дотраени врати и прозорци ќе се заменуваат со ПВЦ енергетски ефикасни
Во пресрет на претстојниот празник Курбан Бајрам, полицијата и локалната самоуправа на Гостивар ќе преземат повеќе активности за да се овозможи безбедна продажба на добиток
Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани ја презема обврската за обезбедување оператор кој во наредниот едногодишен период ќе ги заловува и третира бездомните кучиња на територијата на општината
Во Тетово денеска почнаа да уриваат објекти на местото каде треба да се продолжи булеварот „Благоја Тоска“, за што средства локалната самоуправа доби од Владата. Станува збор за ТАВ програмата со која 23 општините меѓу кои и Тетово добија пари за реализација на инфраструктурни проекти
Од вечерва до недела попладне по локалниот пат Маврово – Галичник сообраќајот ќе се одвива по посебен режим
На територијата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, кои се под надлежност на Полициската станица во Гевгелија, во изминатите шест месеци се случиле 58 сообраќајни незгоди во кои две лица загинале, девет биле потешко повредени, 11 минале со лесни телесни повреди