По пауза од три години, на Правниот факултат Кичево, дисперзирани студии Струга, повторно ќе се врши упис на нови студенти за претстојната академска година
Од денеска попладне до вторник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуват повремени краткотрајни поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град
Сто процентен е одзивот за имунизaција во штипското село Горачино. Здравствениот тим од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип утринава во домовите на жителите на ова село со прва доза вакцинирале шест повозрасни граѓани
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне 37 степени.
Граничниот премин Стрезимир-Рестилица на македонско-косовската граница, од 18 јули до први септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји, информираше за МИА Медат Куртовски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.
Во Воспитно-поправниот дом „Тетово“ денеска пристигна донација од Здружение Институт за развој на заедницата – Тетово. Донирани се средства во вид на техничка опрема, храна, облека, средства за лична хигиена и образовни материјали.
Во Кичево вечерва на отворената сцена во Центарот за култура ќе се одржи концерт на рок бендот „Јерико“ од Приштина. Во текот на овој концерт, гостите од Косово ќе се претстават со повеќе индтрументални и вокално- инструментални нумери.
Прилепскиот угостителски сектор е заинтересиран да користи од бескаматниот кредит Ковид 4. Според Јордан Момироски, претседател на здружението за угостителство и за туризам „Меанџии“ заинтересирано прашуваат, но им требаат повеќе информации.
Во зградата на ЕЛС Македонски Брод, денеска им беа доделени сертификатите на 10 негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост од оваа општина.