Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Стоте поранешни работници на штипската фабрика за чевли АД „Баргала“ денеска во регионалната канцеларија на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се потпишаа на полномошно со кое го овластуваат синдикатот да ги застапува во судската постапка. Весна Кузманова-Тодоровска од ССМ вели дека ова е чекор за воведување на стечајна постапка за „Баргала“.
До петок времето ќе биде сончево и многу топло, а веќе од петок и за време на викендот се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи
На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 20 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез
Кичево е град со најмногу кружни текови во земјава после Скопје, а до крајот на месецов ќе добие уште три нови кружни текови , од кои првиот е во завршна фаза на крстосницата на улиците „11 Септември“ и улицата „Борис Кидрич“
Министерството за образование и наука потсетува дека до 15 јули е отворен Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година
Почна реконструкцијата на кумановското основно училиште „Христијан Карпош“, информираа денеска надлежните
Во пресрет на туристичката сезона, екипи на јавното претпријатие „Комунално“ интензивно работат на расчистување на градот, со посебен акцент на плажите и шеталиштата
На 7 и 9 јули во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира второ прскање против возрасни комарци по земјен пат на површина од 5.376 хектари, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Гостиварските општински административци до крајот на летото ќе им помагаат на граѓаните околу приемот на документи и ќе даваат совети за комунални прашања