Здружението за имплементација на нови технологии „Иноватор“ од Куманово почнува со формирање Академија за напредни технологии
Невладината организација Еко-свест во рамки на континуираното работење на подигнување на свесноста на граѓаните за аерозагадување алармира дека Тетово неколку години по ред се наоѓа на листата на најзагадени градови во Македонија, при мерење на штетните ПМ 10 честички
Деветоодделенецот Павел Милановски, од кумановското основно училиште „Кочо Рацин“ ја доби првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за постер кој им оддава признание на земјоделците како херои на храната, по повод Светскиот ден на храната во 2020 година. Наградата ја доби во силна конкуренција на ученици од 13 до 15 години
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 20 литри на метар квадратен, наврнаа во Дебар, а најмалку, два сантиметра, во Демир Капија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег
Во Скопје, во раните утрински часови ќе има слаби врнежи од дожд, а потоа облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Ски-центарот „Попова Шапка“ информира дека ги намалува цените на билетите.
Од понеделник, во рамки на Општата болница во Гевгелија, ќе биде ставена во функција модуларната ковид болница со сите активности од прием на суспектни и ковид позитивни пациенти, преглед и тријажа, тестирања со брзи ПЦР тестови до стационирање и лекување на пациентите, потврди денеска директорот Митко Крџев.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, каде во моментов во завршна фаза е реконструкцијата на дел од овој објект и негова пренамена, по која наскоро треба да почнат да функционираат Центар за децата во ризик и Прифатен центар за деца-минувачи.