Поради дефект на приклучна цевка на ул. 9/бб во Батинци, од 9 часот жителите на таа улица ќе немаат вода
Каратистот Емил Павлов шести пат е спортист на годината во Општина Штип. Манифестацијата „Спортист на годината“ се одржа согласно здравствените протоколи, а признанија им беа доделени на повеќе спортисти и спортски работници од различни категории
Во 7 часот утрово најниска температура од -12 степени е измерена во Берово, а утринските температури се под нула во целата држава: -9 во Крива Паланка, -7 во Маврово, -5 во Скопје – Петровец, -4 степени во Претор, Демир Капија, Штип, Виница, Струмица, Гевгелија, Крушево и Куманово, -3 во Тетово, Прилеп и Скопје – Зајчев Рид, -2 во Битола и -1 степен во Охрид и Дојран
Менаџерскиот тим на ЈЗУ Општа болница Велес со сопствени средства минатата година, во услови на пандемија, набави опрема вредна 130 илјади евра
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови
Во Скопје прoменливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Возило удри во семафор во центарот на Делчево. Во моментот екипи на Полициското одделение од општа надлежност вршат увид на местото на несреќата, поради која сообраќајот во централното градско подрачје е во прекин.
Лани Советот на Општина Куманово одржал 18 седници од кои 14 редовни, три вонредни и една свечена, информираше на денешната седница, претседателката на советот, Атина Мургашанска
Врнежните од дожд изминатиот период значајно ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион
Од стапувањето во сила на мерката на Владата за задолжително носење заштита на лицето, од мај до декември минатата година, во Велес од страна на послицијата се изречени вкупно 6.501 казна