Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран изутрина во 7.44 минути на 16 километри километри југозападно од Гостивар
Најстудено изутрина е на Попова Шапка, каде во седум часот се измерени -12 степени, по што со -10 следи Маврови Анови, со -7 Крушево, -6 Пожаране и Ѓуриште. Во Охрид и Претор температурата се спуши 4 степени под нулата, -3 во Крива Паланка, Прилеп, Берово и Дебар, -2 во Тетово, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Куманово и Виница, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Прилеп и на планинскиот премин Стража, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата
Амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир денеска ќе го посети Охрид за да разговара за тековните напори за зачувување на статусот на УНЕСКО „Природно и културно наследство на охридскиот регион“ што беше утврден во 1979-1980 година.
Во Скопје, како што информира УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер.
Рекордните 11 починати лица поради Ковид-19 на тетовското подрачје не се само во еден ден, појаснуваат од Ковид центарот при Клиничка болница Тетово за денешните статистички податоци
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информираат од ЈП Македонијапат.
Времето до крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег.
Од 16:50 часот се укинува забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово, соопшти од ЈП Македонија пат.
Како што соопштија од Диспечерскиот центар на Македонија Пат забраната е укината во 15.50 часот.