„Соработката на локалната самоуправа со народниот правобранител и придобивките од децентрализација за граѓаните" е темата на работилницата што денеска се реализира во просторите на Општина Кавадарци. Работилницата е во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и е дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Во Тетово денеска се одбележаа 81 година од смртаа на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржи пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за негово дело и лик.
Вработените не се согласуваат со одлука за спојување затоа што тоа, според нив ќе им биде нанесена штета на болницата и репутацијата што ја градат со години.
Отворена е прва заедничка програма меѓу Фондот за Западен Балкан (WBF) и Вишеградскиот фонд „The Western Balkans - Vishegrad Fellowship“ наменета за академската заедница од двата региона за понатамошно зајакнување на мобилноста, размената и соработката.
Во повторниот допис, МАЕИ наведува дека очекувале „поодлучен однос и проактивни мерки од албанските институции за заштита на правата и слободите на граѓаните со македонско потекло“.
Забележува дека за разлика од пред десетина години кога се поставуваа темелите на детската кардиохиргија и имавме дефицит од кадар, денеска нашата земја може да се пофали со тим од околу седумдесетина експерти, кои секојдневно водат борба за да спасат детски живот.
Од Дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и општина Маврово и Ростуше, годинава во посета на светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот ќе заминат 100 верници, што е најбројна група досега.
И во Скопје следните денови ќе биде сончево и топло, но попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за краткотрајно невреме.
Во Дебар денеска се одржа локалната конференција „Дебар – Општина посветена на децата“ на која главни говорници беа претстравници на локалната власт, на воспитно – образовни институции, млади и деца од општината.
Трилатералната школа е организирана во рамките на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ и учествуваат 30 студентски лидери и активисти (по 10 учесници од трите земји) како и пет експерти.