Забележува дека за разлика од пред десетина години кога се поставуваа темелите на детската кардиохиргија и имавме дефицит од кадар, денеска нашата земја може да се пофали со тим од околу седумдесетина експерти, кои секојдневно водат борба за да спасат детски живот.
Од Дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и општина Маврово и Ростуше, годинава во посета на светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот ќе заминат 100 верници, што е најбројна група досега.
И во Скопје следните денови ќе биде сончево и топло, но попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за краткотрајно невреме.
Во Дебар денеска се одржа локалната конференција „Дебар – Општина посветена на децата“ на која главни говорници беа претстравници на локалната власт, на воспитно – образовни институции, млади и деца од општината.
Трилатералната школа е организирана во рамките на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ и учествуваат 30 студентски лидери и активисти (по 10 учесници од трите земји) како и пет експерти.
Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.
Споредено со изминатите години не присуствуваа поранешните жители и нивните потомци, кои денеска живат во Скопје, поради што празникот е во работен ден, но тука беа оние кои живеат во Дебар.
Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои 12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците од Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови, а намалување кај повеќето видови шумски сортименти.
Акција „Генералка викенд“ ќе се одржува и во рамки на 81 општина од 17 до 19 мај.