Пере Пешков има 27 години и ја продолжува долгогодишната традиција за производство на вино и ракија во градот на грозјето, виното и ракијата, Кавадарци.
Позитивни на Ковид-19 се здравствен работник и вработена во градинка, нови 54 случаи со коронавирус во Тиквешко има регистрирано Центарот за јавно здравје Кавадарци, потврди за МИА д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог. Починати се две лица на возраст од 78 и 83 години.
Струмички археолози ги бараат исчезнатите средновековни населби во регионот и од мај годинава, кога почнало истражувањето, успеале да откријат десет рурални населби, кои во средниот век постоеле на подрачјето на регионот.
Општина Македонска Каменица објави прашалник преку кој заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот буџет за 2021 година. Со ова, како што информираа надлежните, граѓаните имаат можност по електронски пат да ги доставуваат своите предлози.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Деновиве го засиливме хлорирањето на водата, а од нашето досегашно искуство, може да кажеме дека оваа појава ќе исчезне за некој ден.
Јовановски информираше дека во изминатите 24 часа евидентирани се нови 34 случаи позитивни на Ковид-19 во Тиквешијата. Новозаболените се на возраст од 12 до 83 години. Тринаесет лица се од Кавадарци, четири од Росоман, 14 од Неготино и три од Демир Капија.
Библиотеката „Кочо Рацин“ од Пехчево ја реализираше манифестацијата „За докторот” посветена на ликот и делото на доктор Иван Христо Георгиев.
Жител на Кочани со иницијали Ј.С. се повредил при извршување работни задачи во кругот на рудник кај селото Пантелеј.
Во прилепското село Веселчани при ископ во двор пронајдени се 21 стара граната од Прва светска војна.