Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска е отворена изложба на дела од уметникот Дамјан Ѓуров насловена „Лунарно – Соларно, Камено – Метално, Клин“.
Специјалистот по интерна медицина д-р Шукри Фазлији (49) од Куманово, почина на Инфективната клиника во Скопје, од последици на ковид-19.
Почна вакцинацијата против сезонскиот грип во Куманово, информираа денеска надлежните од Здравствениот дом во Куманово. Бесплатна вакцина можат да добијат неколку категории граѓани, но само ако имаат закажан термин преку матичните лекари.
Почесни граѓани на Гостивар од денеска се инфектолозите Фадил Цана, Илир Демири, Ратко Наумовски, Енес Мемети и Месут Хасипи, а признанието постхумно му е доделено и на д-р Трајче Нешковски.
Во Прилеп почна вакцинацијата против сезонскиот грип. Вакцинацијата се врши од 14 до 20 часот, а така ќе продолжи и во наредниот период.
Со настапувањето на сезоната кога во Гевгелија за повеќе намени се користи огревно дрво, мерната станица за амбиентален воздух почна да покажува параметри кои потврдуваат дека и гевгеличани дишат загаден воздух.
Со експертски предавања за најновите терапии и напредок во истражувањата и медицината за ХАЕ, како и поврзаноста со други заболувања и болести се одржа петтиот Регионалниот состанок за Југоисточна Европа за реткото заболување за хередитарен ангиоедем – ХАЕ, кој оваа година заради пандемијата се реализира виртуелно
Органски производи, путери од лешник, лешник со мед, чоко и кралски намази, печен и свеж лешник добија матичните лекари во општина Струга
Времето ќе биде облачно со услови за слаб локален дожд. По котлините ќе има магла и ниска облачност, информира Управата за хидрометеролошки работи
Земјотресот, како што велат од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје, бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.