Учениците од социјално загрозени семејства кои наставата ја следат онлајн, денеска добија таблети од Општина Ресен.
По повод одбележувањето на Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември, денеска пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ беше отворена 14-тата меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото салон Куманово 2020“.
На предлог на Комисијата и со одлука на Управниот одбор на Сојузот, наградата 13 Ноември во категоријата спортисти, се доделува на Игор Димовски, македонски шампион во триатлон, со забележителни резултати на меѓународни триатлон натпревари и за препливувањето на Ламанш.
Општина Куманово распиша јавен оглас за доброволно пријавување во партиципативното тело, соопштија денеска надлежните. Учесниците ќе можат да даваат сугестии, забелешки, предлози при процесот на донесување на урабнистички решенија.
Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Здружението за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ Скопје, денеска ја постави третата и последна мала просторна интервенција во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип. Интервенцијата е дел од проектот „Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Северна Македонија“, поддржан од Фондацијата Отворено општество.
Во градинка се носат деца и тоа на денот кога им е закажан тест за коронавирусот. Со вакви несовесни родители сè почесто се судираат вработените во градинките
Софискиот и Битолскиот Универзитет кои од двете страни на границите, покрај академската мисија, заеднички го споделуваат и името на книжевникот, учителот, епископот Св. Климент Охридски оваа година заеднички ќе го одбележат патрониот празник – кој се празнува на 25 ноември во Република Бугарија и на 8 декември 2020 година во Република Македонија, информира професорот Марјан Ѓуровски, проректор на Битолскиот универзитет
Зголемена облачност со услови за слаб локален дожд најавуваат за утре синоптичарите. По контлините ќе има магла и ниска облачност
Врз основа на статутот на Исламската верска заедница и со одлука на Ријасетот, како нејзин највисок орган, за прв човек на дебарското муфтиство избран е Решат Каџалнику, досегашен координатор на муфтиството
Дегустација, оценување и награди за млади вина од домашни производители за денот на „Beaujolais nouveau“ за 2020 година се откажува поради пандемијата од Ковид-19, информираат од Здружението на македонски винари