Откако ќе бидат собрани потребните потписи, како што додаваат ќе се пристапи кон нивно доставување до Народниот правобранител со цел превземање соодветни правни дејствија против сторителот, кој според нив е со богато кривично досие.
Поради наглото зголемување на бројките на заразени, прилепската болница го зголемува капацитетот за сместување ковид пациенти на 100 легла, а матичните лекари активно се вклучувата да помогнат, констатира денеска прилепскиот Кризен штаб.
Капацитетите на Клиничкиот центар во Тетово се стабилни и персонал има доволно, рече Арифи на средба со новинарите, но не кажа колку луѓе се задржани на болничко лекување.
На денешен ден во 1915 година во Кавадарци бил роден Никола Минчев, првиот министер за образование во ослободена Македонија, потсетува историчарот Петре Камчевски.
Според станарите од колективните згради во градот, досега само мал дел од објектите биле самоиницијативно дезинфицирани.
Во училиштата и градинките во општина Тетово се евидентирани 31 заболено лице од Ковид-19, соопшти Кризниот штаб. Пред една недела штабот препорача, а денеска донесе одлука сите наставници кои имаат онлајн-предавања, наместо од училиштата да работат од дома
Центарот за јавно здравје Куманово само за последната измината недела, заклучно со 1 ноември регистрира 209 позитивни лица на коронавирус од Куманово и 20 од Липково, соопштија денеска надлежните.
Уште еден медицински работник е заболен од коронавирус во Тиквешко, во изминатите 22 часа потврдени се нови 22 случаи, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Струмичката болница денеска доби санитетско возило од Дирекцијата за заштита и спасување, кое досега го користеше Центарот за јавно здравје во Струмица.
– Добивме дополнителни 23 кревети со новиот ковид центар 2. Пациентите ќе се сместат на делот што е неврологија, персоналот и работните соби ќе бидат на психијатрија, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.