Нови шест случаи позитивни на коронавирус се регистрирани изминатото деноноќие во Тиквешијата. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје
Денеска се навршуваат 76 години од формирањето на 11-та Македонска бригада близу Кавадарци, потсети историчарот Петре Камчевски
Епидемиолошката ситуација во Општина Гевгелија е задоволителна со оглед на податокот што имаме 19 активни случаи и фактот што континуирано имаме повеќе испишувања на оздравени отколку прием на новозаболени лица од Ковид-19, изјави доктор Сашо Олумчев, раководител на ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија
Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 26 септември до 2 октомври лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 15 лица од Охрид, 16 лица од Струга и пет лица од Дебар
Заврши санирањето на дренажата на градскиот стадион во Пехчево. Градежните активности ги изведуваа екипи на Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец” од каде информираа дека со овој зафат се решава проблем стар повеќе години
Во тетовско Доброште Ирена Синадиновска со свекрвата, сопругот и синот минатата година произвеле над 1000 тегли ајвар, џемови, слатко како и друг вид домашна и традиционална храна која ја продавале на своите веќе постојани купувачи
Здружението спортско планинарски клуб „Козјак" од Куманово утре, ќе го реализира традиционалниот 22-ри Меморијален планинарски марш планинар „Појак Калман". Искачувањето е планирано на врвот Китка на 1.211 метри
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец
Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Едно лице на возраст од 63 години почина од Ковид-19 во изминатите 24 часа на тетовското подрачје, со што вкупно 90 луѓе го загубија животот од оваа болест. Регистрирани се 15 новозаболени.