Саниран е пожарот на градската депонија чиј густ чад во текот на вчерашниот ден беше видно заблежлив како се шири над градот Делчево. Пожарот во моментот е изгаснат, а како што информираа надлежните од комуналното претпријатие, гаснењето траело до доцните вечерни часови
Околу 30 отсто од вкупниот број на деца, кои се згрижени во клоновите на градинката „Детска радост“ во Струмица, денес не биле донесени од нивните родители, откако завчера беа регистрирани уште два нови случаи на заразени со Ковид-19
Поради драстичното зголемување на бројот на позитивни на коронавирусот во последните неколку дена, Општинскиот кризен штаб на Кочани денеска одржа итна седница со главен заклучок да се засили јавната кампања за строго почитување на мерките за лична и колективна здравствена заштита
Земјоделците од Источно-планскиот регион ќе ги подобруваат своите дигитални вештини за да се прилагодат на новонастанатите пазарни и економски услови на работење што ги наметна КОВИД-пандемијата
Во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола и со благослов на митрополитот г. Петар, се одржа концерт на византиско црковно пеење
Во текот на 2020 година Салије Бајрами од кичевоско Аранѓел учествуваше на многу меѓународни фестивали во живо, кои се одржуваат преку интернет, при што ја воодушеви Европа со својот талент и глас ценет насекаде каде што се претстави
Повеќето реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат пад на нивоата под просекот за септември
НУ Музеј Куманово почна со реализација на проектот „Ориентални влијанија на поствизантиските цркви во Кумановско“, кој е од областа на историјата на уметностa, информираа денеска од НУ Музеј Куманово
ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека денеска од 09.45 часот без вода се корисниците на улиците „Вера Радосавлевиќ“, „Димче Милошевски“, „Боривое Милошевски“, „Зендел Џемаил“ и дел од „Перо Наков“
Во организација на Полициското одделение од општа надлежност и Општината, во Македонска Каменица започна едукативна акција за превенција и спречување на пожари