Домот на културата од Гевгелија, на платото пред селската црква во Богородица, посветена на Пресвета Богородица, синоќа организираше богата културно забавна програма со која свечено беше одбележан денешниот голем христијански празник Мала Богородица и патронот на селото
Времето денеска ќе биде сончево со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи
Почнува со работа градинката „Рахилка Гонева“ Клон 1, која на 9 септември не ги отвори вратите за 110 дечиња. Градоначалникот на Општина Свети Нилоле, Сашо Велковски вели дека се е подготвено да старува и овој објект и тоа од утре.
Тие се организираат преку социјални мрежи и закажаа протест во вторник (22.09.2020) кој ќе започне во 17 часот пред објектот на Општина Гостивар.
Попладнево во Градскиот парк во Струмица Отсекот за превенција при СВР Струмица, заедно со сообраќајната полиција, со делење на флаери, вода и заштитни маски за лице ја одбележаа Европската недела на мобилност.
Во Делчево се одржа меморијалниот натпревар во ловење крап „Сандански 2020″. Настанот го организираше Спортско-рибиловното друштво ,,Брегалница”, а на истиот учествуваа спортски риболовци од Делчево и околните места.
По повод одбележувањето на Европската недела на мобилност, претстојниот вторник Општина Пехчево и здружението „Еко Логик“ ќе го реализираат настанот „Вело училиште. Настанот како што информираат организаторите ќе се одржи претстојниот вторник 22 септември 2020 во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево
Дваесет и двегодишен студент е новиот случај на позитивен на Ковид-19 во Кавадарци, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во кавадаречкиот Центар за јавно здравје
Поради дефект на водоводна линија, без вода за пиење до 15 часот се жителите на булевар „Вељко Влаховиќ” и дел од булевар „Едвард Кардељ” во Кавадарци, информираат од кавадаречкото Јавно претпријатие ,,Комуналец”
Свештената Бигорска обител беше домаќин на уште еден духовно-културен настан, посветен на големиот јубилеј, илјада години од основањето