Пред прикажувањето на филмот организаторите предвидуваат кратко обраќање на авторката Мораг Меккинон од Единбург, на лауреатот на наградата „Астер“ за животно дело, Пиро Милкани од Тирана, како и на режисерот Ленар Камалов од Москва.
Според јавниот конкурс на УКЛО-Битола, најмногу слободни места за упис се понудени на Технички факултет-Битола каде на осум насоки може да се запишат 420 студенти, ФИКТ-Битола годинава ќе запише 370, а Факултетот за туризам и угостителство во Охрид огласи 324 слободни места за упис.
Од вечер па до сабота (29 август) во Прилеп ќе се одржува деветтиот по ред фестивал „Прилеп Џез-викенд“ (Prilep Jazz Weekend). Фестивалот е во организација на здружението за субкултура „Џез фестивал“ и ќе се одржува на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Се наведува дека Костовски е најголемиот дарител за обновата на конакот Долни Палат, којашто започна во 2002, а успешно заврши во 2006 година.
На спомен обележјето на влезот во гостиварската населба Циглана, посветено на овој настан, утрово дојдоа претставници од Македонскиот полициски синдикат, Одделението за внатрешни работи Гостивар, Здружението „Бедем“.
– Сите новозаболени се од познати кластери, изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Куманово, Ариф Љатифи
-По еден случај на новозаболени има во општините Тетово, Брвеница и Боговиње, информираше д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Пензионер од Неготино на возраст од 67 години е новозаболен од коронавирус и се наоѓа на Инфективна клиника во Скопје.
Делчево, Берово, Пехчево и М.Каменица се четирите градови од крајниот Исток каде денес е регистриран пораст на активните случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заболени во Пијанечко-малешевскиот регион сега изнесува 85 активни случаи.
Општина Битола одржа четврта форумска сесија во рамки на програмата „Зајакнување на општински совети“ што ја финансираат Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП.