Во Кичево денеска три нови лица заразени, а 15 оздравени од коронавирусот Ковид-19, покажуваат податоците од Министерството за здраство, со што вкупниот број на заразени во оваа општина достигна на 266 лица, од кои 86 се активни, 170 се излекувани и десет лица се починати.
Мерки за заштита на учениците и на наставниот кадар и анкетирање на родителите за каков вид настава се определуваат се меѓу темите на кои денеска разговараше прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на средбата со директорите на прилепските основни и средни училишта во пресрет на новата учебна година.
Јавна кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк започнуваат со спроведува Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП).
Во Берово е откажан фестивалот „Етно плоштад“, додека прославата на празникот Голема Богородица ќе се одбележи без поголеми групирања. Градоначалник Звонко Пекевски во обраќање до своите сограѓани истакна дека поради пандемијата и зголемениот број случаи со Ковид-19, во Берово нема да се служи и црковниот ручек по повод претстојниот празник.
Во општина Дебар, која беше прво жариште на Ковид-19 во земјава, заедно со соседната општина Центар Жупа, од крајот на февруари до сега се направени повеќе од 1200 тестови на сомнителни случаи, изјави за МИА епидемиологот Ментор Меља.
Здружението на лица со ретки болести „Живот со предизвици“, Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ и хотелот „Beograd Apartments and lounge station“ од Струга, в недела во Струга организираат веслачка тура со кајаци под мотото „Весламе за ретките“, со цел поддршка на Светската заедница на лица со ретки заболувања.
На регионалните патни правци во поширокиот Дебарски Регион во тек е обновувањето на хоризонталната патна сигнализација.
Во наредните денови ќе биде сончево и топло со пораст на дневните температури, најавува УХМР.
Животното многу веројатно ќе умре за неколку дена откако ќе се зарази, така што, доколку се пријави навреме, трупот на дивата свиња може да биде уништен или правилно да се отстрани за да се намали понатамошната контаминација.
„По патеките на Дичо Зографот“ е првата Малореканска летна школа насочена кон едукативните и научно-истражувачките активности во познавањето на делото на Дичо Зограф, нашиот најзначаен зограф од XIX век.