„По патеките на Дичо Зографот“ е првата Малореканска летна школа насочена кон едукативните и научно-истражувачките активности во познавањето на делото на Дичо Зограф, нашиот најзначаен зограф од XIX век.
Позицијата Командант на СЕЕБРИГ ротира помеѓу земјите учеснички на тригодишен период. Во период од 2011 – 2013 година Командант на бригадата беше бригадниот генерал Здравко Поповски од Армијата на Република Македонија.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=8
Поројниот дожд што денеска попладне го зафати Делчево повторно предизвика проблеми на улица „Булевар Македонија”. Чистејќи ја надојдената вода, жителите од оваа улица повторија дека ова се случува по секој пороен дожд.
Со три нови случаи Делчево и денеска е на листата на градови со пораст на заболени од вирусот Ковид-19. Според информациите од делчевскиот Здравствен дом, случаите се асимптоматски, а новозаболените се на возраст од околу 40 години.
Неколкучасовните врнежи од дожд значително ги наполнија со вода одредени тротоари и улици во Тетово каде е редовна оваа појава откако ќе има подолотрајни временски неприлики. Дождот започна после 14 часот и траеше скоро до 17 часот.
Денеска, извршени се 59 тестирања од кои по 19 по „Мој термин“ и 40 епидемиолошки тестови.
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во Велес има регистрирано нови пет случаи на болни од Ковид-19. Според Институтот за јавно здравје, во Велес и велешко моментално се активни 38 пациенти.
Во последното деноноќие во Дебар регистран е еден случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 242 лица, од кои 191 во втората фаза од болеста.
Еден починат и двајца новозаболени од коронавирусот се регистрирани во Тиквешко во изминатите 24 часа.