Во Пијанец и Малешевијата продолжува растот на новозаразени со Ковид-19. Според денешната статистика во Делчево денеска повторно има нови тројца заразени, додека во Берово има четири позитивни на Ковид-19.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.379, а во моментов активни се 340 случаи.
Пред речиси два месеца е отворена и електронска платформа на која студентите можеа да си направат профил, да ги внесат оценките и да извршат електронско плаќање, а од денеска на пунктовите може само да ги достават потребните документи за упис.
Планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово изведе планинарска тура која според уредите за навигација претставувала пешачење на патека со севкупна должина од 30 километри. Пешачењето започнало во 7.30 часот на Попова Шапка, а завршило во 18.30 во Тетово.
Велосипедистите Панче Зафиров и Владо Симеонов од клубот МТБ Исток од Кочани постигнаа македонски рекорд во еверестинг, поминувајќи патека од 296 километри и висинска разлика од над десет илјади метри.
Пет нови случаи со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во Тиквешко. Од нив, два се во Кавадарци, а три во Неготино.
Лешочкиот манастирски комплекс „Пресвета Богородица и свети Атанасиј Велики" ги започна подготовките за одбележување на манастирската слава Успение на Пресвета Богородица, која досега претставуваше најмасовен посетен црковно народен собир
Во Македонска Каменица годинава регистрирани се 10 интервенции на пожари со опожарена површина од 75 декари. Информацијата ја соопшти командирот на Територијалната противпожарна единица Малин Трајчевски, кој додаде дека повеќето од интервенциите се пожари на отворен простор.
Поети од регионот во наредните три дена ќе бидат дел од вториот Балкански поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“ што од денеска се одржува во Охрид.
Во општина Кичево има можности за почеток на учебната година со физичко присуство на учениците и наставниците, особено во училиштата во руралните средини и до трето одделение во градот, а онлајн-настава за останатите ученици.