Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде 8
Како што информираа од Здравствениот дом „Гоце Делчев“, во Дечево од претходно направените тестирања денеска има тројца позитивни и седум негативни пациенти.
Во салата на Дом на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе денеска, почитувајќи ги здравствените протоколи, се одржа последната форумска сесија со презентација на евалуацијата на целиот процес во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, преку кој се реализираше проектот „Енергетско ефикасна детска градинка“.
Повторно повисока бројка на новозаразени лица со Ковид-19 се регистрани во Дебар по неколкудневното затишје, кога немаше новозаразени или само по еден или два случаи.
Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 15 пациенти
Леб, брашно и колачи добија еднородителските семејства кои се членови на Здружението „Една може“. Станува збор за донација од компанијата „Жито Лукс“
Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет дена
Интензивно се рехабилитира регионалниот пат од Пробиштип до село Крупиште, кој е главната сообраќајна артерија кон Штип и Кочани
Со изработка на мурал на фасадата на хотелот „Скопје” спроти Меморијален музеј „11 Октомври 1941“ во центарот на Прилеп, продолжува програмата на јубилејното 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности
Во Берово и останатите општини од крајниот источен дел на земјата, денеска продолжи поставувањето агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури