-Приоритет на сите нас беше да се спасат домовите на самите луѓе за да нема поголема материјална штета. Она коешто денеска се констатира е дека има изгорено борова шума, а домови и друга инфаструктура нема оштетено, вели Анастасов.
Кавадарци сака обиколница од околу 14 километри што би го забрзала развојот на општината и регионот, бидејќи дневно низ градот поминуваат околу илјада тешки товарни возила или шлепери, што минуваат низ над седумдесет проценти од градските улици
Во среда ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Во Скопје умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Потребна е итна трансформација на целиот систем за управување со кризи вклучително и на системот за гаснење на пожари како составен дел на целиот систем за управување со кризи, вели директорот на Ценатрот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Во текот на август, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 шумски пожари што повеќето се прошириле и, како што истакна Ангелов, биле тешки за гаснење.
- Пожарот над селото Гари, на планината Стогово, вчера го ставивме под контрола, а денеска е целосно локализиран. Бидејќи врне дожд нема никаква опасност повторно да се разгори, рече Мифтароски.
Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола.