Зголемено ниво во однос на јулскиот просек имаат реките Вардар кај Демир Капија и Бабуна кај Богомила, покажуваат денешните хидролошки мерења
Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола, информира дека ги активира своите дисперзирани канцеларии во општините Новаци и Могила, а со цел поефикасно пружање услуги од интерес на земјоделците
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утревечер од 20 часот ќе организира концерт на отворено на „Трио џентлмен“, кој ќе биде прв настан на оваа национална установа по петмесечна пауза. Посетителите мора да носат заштитна маска, а Центарот за култура ќе обезбеди дезинфекција
Жителите и туристите кои престојуваат во викендици во горните делови на Стар Дојран повеќе нема да имаат проблем со водоснабдувањето откако пред неколку дена вработените во ЈП „Полин“ ја поставија новата пумпа во бушотината „Деребаш“
Спортско-риболовното здружение „Кочански рибар" денеска го реализираше третото овогодишно порибување на вештачката акумулација Гратче, при што беа пуштени над 300 килограми крупен крап
Регистрирани се неколку производители на вино од Кавадарци кои произведуваат во домашни услови
На грчката страна од Дојранското езеро во тек е акција за расчитување на истечниот канал од езерото, наречен „Ѓолај“
Со одлука на Советот на Општина Крива Паланка, сите родители чиишто деца беа згрижени во детската градинка “Детелинка” во учебната 2019/20, се ослободени од плаќање за месеците април, мај и јуни
По пауза од речиси четири месеци, во Велес денеска за посетителите повторно се отворени вратите на Народниот музеј, спомен-куќите на Коста Солев Рацин, Васил Главинов, Јордан Хаџи Константинов-Џинот и Куќата на Касапови – попозната како Куќата што лебди, изградена на карпа
Силниот северен ветер кој дува претпладнево, особено вдолж Повардарието и краткотрајно достигнува брзина над 90 километри на час, услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи