Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оствари средби со граѓаните во Гостивар, на кои, како што напиша на неговиот ФБ профил, тие говореле дека сакаат да живеат во држава во која ќе се почитуваат законите и во која ќе владее правото
Гостиварската локална самоуправа започна со подготовка на петгодишната стратегија за намалување на загадувањето. Како најважен документ е катастарот на загадувачи, кој е во завршна фаза
Група спортисти, кои многу години наназад практикуваат различни спортски дисциплини во прекрасниот мавровски регион, во пресрет на празникот „Раѓање на свети Јован Крстител“ – Иванден своите спортски подвизи ги посветија на големиот јубилеј, 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град
Во Скопје, претпладне ќе има променлива облачност, а од пладне повремено ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во рамки на вандалскиот чин, како што додадоа, оштетено е таканареченото „солиште“, од кое дивечот се прихранува во текот на летото.
Во последното деноноќие во Дебар нови дијагностицирани со КОВИД-19 се шест лица. Со ова во изминатите шест дена вкупно се дијагностицирани 19 лица.
Продолжуваат хуманите гестови на делчевските пожарникари. Откако најпрвин тројца пожарникари спасија куче пропаднато во бунар длабок 10 метри, припадник на Територијалната противпожарна единица бесплатно реновираше опожарена соба на семејство од Делчево на кои пред два месеци им изгоре дел од куќата и покуќнината.
Локалните јавни претпријатија во Битола во соработка со граѓаните денеска ги санираат последиците од вчерашното невреме што го погоди овој град
Неколкумина велосипедисти и пешаци се полесно повредени во текот на вчерашното попладне кога во нив удрило возило на патот од Тетово до месноста Бањиче