Медицинска сестра од одделот за неонталогија при Одделението за детски болести во Клиничка болница во Штип е еден од позитивните случаи во денешниот здравствен билтен.
- Заев уште еднаш ги изманипулира земјоделците. Првин вети 280 милиони денари за покривање на потребите на така наречениот проект зелена нафта за потоа со владина уредба од 09.06.2020 година да скратат 100 милиони денари.
Четириесет и девет крвни единици беа собрани денеска во крводарителска акција во Кавадарци. Со цел превентивна заштита од коронавирус, согласно на препораките од надлежните, сите крводарители носеа заштитна опрема, а им беше мерена и температура.
Кај велешкoто село Отовица во непосредна близина на Езерото „Младост“ ќе се гради водоснабдителен систем кој ќе се поврзе со Градската водоводна мрежа, со што ќе се замени постоечката во селото и ќе се згoлеми протокот на вода до домаќинствата.
Несовесни граѓани повторно фрлаат смет и кабаст отпад на старо место – на влезот во градот од правецот на Скопје каде порано беше претоварна станица и создадена дива депонија.
„Јазикот на светлината“, издание на „Македонија презент“, е насловот на новата, шеста поетска книга на Сузана В. Спасовска, за кој авторката неодамна ja доби и наградата „Антев златник“ на меѓународната поетска манифестација „Антево перо“
Претставниците на општина Берово, општина Пехчево и ЈП „Национални Шуми“ во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негревого потпишаа Меморандумот за соработка за спроведување на пилот Регионалниот план за унапредување со шумите (РПУШ) во Малешевскиот регион со Акциски план 2020 – 2025
Со новиот камион услугата за собирање отпад ќе биде проширена и во населените места кои досега не беа опфатени во системот на организирано собирање, а таму каде што опфатеноста беше делумна, услугата ќе биде проширена на сите домаќинства, информира в.д. директор на ЈПКД „Турија“-Василево, Зоранчо Георѓиев
Локалната самоуправа на Маврово и Ростуше започна со поправки на улиците и паркингот на плоштадот во селото Маврово
Тетовската полиција и Државниот пазарен инспекторат ноќеска десетина минути по полноќ при контрола на улицата „29 Ноември“ увиделе дека работи угостителски објект иако согласно прописите во време на епидемијата овозможено е работење на локалите само до 22 часот