Нивоата на реките Вардар кај Демир Капија и Црн Дрим кај Ложани покажуваат вредности повисоки од просекот за јуни, покажуваат хидролошките мерења
Според објавените резултати на здравствените власти, вчера во Кичево има две нови лица заразени со Ковид-19
Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер, попладне локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 28 степени.
Со потпишувањето на овој меморандум, како што истакна претставникот на „Национални шуми“, Маре Басова, се отвора нова страница за соработка помеѓу општините и јавните институции.
На уписите во петте средни училишта во Прилеп, најголем интерес има за медицинските струки. Првиот ден од првото пријавување во јуни денеска се спроведува со заштитни мерки и со прием на документите по азбучен ред, како што наложи протоколот од Владата.
Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа регистрира петмина новозаболени од КОВИД 19. Три лица се од Куманово, две лица се од Липково. Денеска e регистран и еден починат пациент од општина Липково.
Епидемиолозите дневно на повеќе пунктови земаат по 50 брисеви, а се уште очекуваат резултати за стотина брисеви, помеѓу кои се и и контролните за 53 текстилни работници од првата конфекција што беше затворена на крајот од мај.
Расположивите капацитети на Општата болница во Охрид за сместување пациенти заболени од коронавирусот се речиси исполнети, така што повеќе нема да се примаат пациенти од струшкиот регион.
Дваесет и пет годишна кавадарчанка и 28- годишен маж од Демир Капија се новите случаи на коронавирус во Тиквешко, за МИА потврдуваат денеска од Центар за јавно здравје Кавадарци. Дознаваме дека кавадарчанката работи како медицинска сестра.