Дванаесет шишиња вино денеска симболично беа подарени во месноста Моклиште, во спомен на 77 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци.
По истекот на рокот, додаваат, податоците од ЕРЗС ќе бидат преземени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и другите надлежни институции кои имаат обврска да извршат ажурирање на податоците
Според епидемиологот Татијана Мургоска-Станимировиќ од Центарот за јавно здравје-Прилеп, двајцата новозаболени се од едно семејство.
Со денешната бројка, во Кичево моментално има три активни случаи.
Меѓуопштинскиот кризен штаб по денешниот состанок оцени дека состојбата со пандемијата во гостиварскиот регион е под контрола. До граѓаните упатија апел за зголемена дисцплина и почитување на мерките, особено во периодот што доаѓа кога се најавени предизборни активности
Акцијата за отстранување на поставената урбана опрема на брегот на Охридското Езеро продолжи и денеска. Извршители придружувани од надлежен инспектор и со полициска асистенција отстрануваат шанкови, натстрешници, тераси, потпорни ѕидови од крајбрежјето на езерото на потегот од Горица 3 до хотелот „Аквалина“
За околу 20 отсто се намалени површините засеани со тутун годинава во Струмичко во споредба со лани, информира Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од селото Василево
Со полагање цвеќе пред бистите на македонските народни херои Коле Канински и Јосиф Христовски-Ѕвончаро кои се наоѓаат пред зградата на Апелацискиот Суд во Битола, адвокатската заедница од овој град го одбележа 16 јуни Ден на македонската адвокатура
Епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје утринава земаа брисеви од петмина излекувани штипјани од коронавирусот, кои сакаат да бидат дарители на крвна плазма
Дванаесет невработени лица, активни баратели на работа со ниски квалификации, од денеска се ангажирани преку програмата за јавни работи што Општина Крива Паланка ја спроведува во соработка со Агенцијата за вработување