Во прва година за следната учебна година делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ вкупно на располагање има слободни места за 222 ученици
Променливо облачно време со локална нестабилност во попладневните часови ќе преовладува до крајот на неделава
Најмногу поени за запишување во едно од шесте општински средни училишта во Тетово се потребни за во средното општинско медицинско училиште „Никола Штејн“. За упис на еден од профилите – општа насока, фармација, стоматолошки техничар, лаборант или физиотерапевт потребни се 70 поени.
Интензивно се работи на уредување на излетничкото место „Студена вода“, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски на социјалните мрежи
Критичните точки на коритото од реката Шемница во Битолско ќе се санираат со посебен акциски план за чистење
Кумановскиот Центар за социјални работи воведе уште два шалтери каде корисниците можат да поднесуваат барања за остварување на права од социјална заштита, информираа денеска надлежните од установата
Во 11 часот ќе биде положено цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште. Поради коронавирусот, годинава ќе нема културно-уметничка програма пред споменикот
Времето ќе биде променливо облачно, претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Во Тетовската клиничка болница во моментот се хоспитализирани 11 лица со Ковид-19 на инфективното одделение, а Кризниот штаб на општина Тетово оценува дека капацитетите на оваа здравствена установа се задоволителни.
Во новата осма штипска конфекција, каде вчера се појави првиот позитивен случај со коронавирус, денеска се регистрираат два нови случаи, истакна на денешната прес-конференција командантот на Општинскиот кризен штаб, Благој Бочварски.