Тој посочи дека нашата татковина Македонија и Македонската православна црква изгубија дел од својата иднина, како што рече, изгуби млади садници и фиданки, што требаше допрва да се разгрануваат.
Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.
Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски се петтемина штипјани кои загинаа, а денеска во организација на Општина Штип се одржа и комеморативна седница во големата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола и нема опасност по населени места ниту по околните викендици, објавија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
ОЈО Куманово веднаш нареди обдукција, а се обезбедуваат и извештаите од извршените контроли. Од кумановското обвинителство денеска информираа дека го чекаат обдукцискот наод и извештаите од надлежните од Министерството за здравство.
Општина Струга денеска најави дека градоначалникот Рамис Мерко ќе иницирал координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во Општината во сите локали и деловни објекти што вршат услужни и дејности од областа на угостителството и туризмот.
Општина Неготино одвои 300.000 денари помош за семејствата на настраданите во Кочани, информираше денеска градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов.
Во штипската Клиничка болница е примен 56-годишен пациент од Виница, по сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Кочани меѓу пробиштипска клучка и спанчевска крстосница.
Од локалната самоуправа информираат дека на терен се изведени вонредни контроли, а проширените инспекциски надзори опфаќаат проверка на влезовите, ПП апаратите, потребната документација итн.
Група млади лица од Тетово кои се идентификуваат како иницијатива „Нула“ денеска пред зградата на Основен суд Тетово и Обвинителството оставија противпожарен апарат за да симболично ја потенцираат важноста од потреба за правда во трагедии кои се случиле во градот и државата.