Од денеска на патниот правец Хиподром – Стенковец поради градежни активности ќе има изменет сообраќаен режим во времетраење од два дена
Јавниот градски автобуски превоз во Битола од денеска се врши од 6 до 17 часот. Градските линии на општинскиот линиски превоз ќе сообраќаат наизменично како во досегашниот период, но без прекини, вклучително и во сабота
Јавниот градски и меѓуградски јавен превоз од и кон Куманово се нормализира откако пред околу еден месец Владата донесе одлука за забрана како една од мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во овој регион
Времето денеска ќе биде променливо облачно и се уште натпросечно топло. Претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град
Гостиварската локална самоуправа започна со подготовките за отворање на градинките. Според градоначалникот Арбен Таравари, првиот чекор е скринингот на вработените во градинките и центрите за ран детски развој. Тестирањата треба да се спроведат на 25 и 26 мај.
Информацијата ја сподели шефот на меѓуопштинскиот кризен штаб (Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше) на петнасеттиот состанок, кој денеска се одржа во салата на советот на Општина Гостивар.
Гостиварската локална самоуправа издаде решенија за легализирање на џамии, мектеби и теќиња. Градоначалникот Арбен Таравари на прием, докумените лично му ги предаде на првиот човек на гостиварското муфтиство.
Двата нови случаи на заразени со коронавирус се поврзани со вчерашниот регистриран пациент од Штип. Станува збор за семејството на штипскиот таксист, кој е хоспитализиран на Инфективното одделение, а кој подолг период не одел на работа, односно немал контакт со патници.
По вчерашниот ден без новозаболени, денеска во Прилеп се регистрирани два нови случаи на коронавирусот. Има дури шест случаи на оздравени лица. Со ова, во моментов во Прилеп активни се 59, од кои 39 се лекуваат во домашни услови а 20 лица се на болничко лекување.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини од регионот почна со третирање против комарци по земјен пат, информираат од Центарот