Градењето на нови викендички како и реновирање на старите објекти се причините се поголема да биде дивата депонија со градежен шут на Попова Шапка
Детската градинката „Олга Мицеска” во Кичево е меѓу првите во земјава што успеа да го заврши тестирањето за коронавирусот на сите 63 вработени кои работат во трите нејзини објекти и сите вработени се негативни на тестирањето, информира директорот Садик Ахмети
За време на викендот, од 15 до 18 мај, тетовската полиција привела 19 лица кои не ја почитувале мерката за ограничено движење поради епидемијата со коронавирус
Во тетовските училишта за првоодделенци има 1.739 слободни места, додека за во прва година средно образование вкупно 3.600
Акциите редовно секој викенд ќе се одвиваат најмалку додека трае вонредната состојба,а може и потоа доколку биде наложена од комисијата за заразни болести и владата,соопштија од општинскиот кризен штаб во Гевгелија
Општина Кичево е една од малкуте општини во земјата што практично остана недопрена од коронавирусот, бидејќи двата случаи што се водеа во статистиката од Министерството за здравство практично немаа контакт со резидентниот дел на населението, тие допатуваа од странство и директно беа сместени во карантин, но за среќа и тие веќе се оздравени
Сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране, поточно на потегот од излез од село Чајле кон село Форино денеска ќе биде во прекин, поради тоа што Јавното препријатие за одржување на магистрални и регионални патишта Скопје (секција Гостивар) ќе се заврши со асфалтирање на патот
Утре, во попладневните часови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е намален за еден сантиметар во однос на вчера, а кај Дојранското Езеро е ист со вчерашниот, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи
Централната свеченост, која ќе се одржи согласно препораките за заштита од вирусот Ковид-19, како што информираат од општината ќе се одржи во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена" во село Разловци в среда, 20 мај 2020 година со почеток во 10 часот