Владиниот план за намалување на рестриктивните мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот доследно ќе се применуваат во општина Гевгелија, едногласно одлучи Општинскиот штаб за заштита и спасување на последната седница
Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ од Тетово преку својата интернет страница ќе прави упис на нови ученици за наредна учебна година согласно препораките за превенција од ширење на коронавирусот. Процесот на административно запишување започнува од денеска и ќе трае еден месец до 15 јуни, додека за аудициите дополнително ќе има одлука
Започна реконструкцијата на улица „Јуриј Гагарин” во Берово. Според надлежните, градежните работи ќе опфатат целосна реконструкција на дел од улицата, во должина од 210 метри
Екологисти од Кавадарци повикаа на намалување на прекумерното користење на пластика за една употреба, особено во периодот кој следува, кога заради превенција од коронавирус, се очекува голем број на угостителски објекти да користат пластична амбалажа за еднократна употреба
Оштетена е водоводната мрежа во село Дулица. Оштетувањето било пријавено од жители на селото, по што екипи на Јавното претпријатие „Камена Река“ извршиле санација на штетата
Германското друштво за интернационална соработка денеска на прифатниот транзитен центар за мигранти „Винојуг“ во Гевгелија му додели донација од заштитна опрема во борбата против пандемијата од коронавирусот.
Во рамките на проектот „Рефлектор врз антикорупциските практики на локално ниво”, кој го спроведува НВО „Инфо Центар” од Скопје во соработка со Државната комисија за спречување корупција и со поддршка на УСАИД, Општина Велес во прелиминарниот извештај е посочена како пример на општина со добри практики во борбата против корупцијата
Волонтерите на општинската организација на Црвениот крст Тетово денеска поделија пакети со хуманитарна помош наменети за луѓе жртви на семејно насилство и самохрани родители
Црквата Свети Атанасиј во Лешочкиот манастирски комплекс денес го одбележа празникот на патронот Преносот на моштите на светиот Атанасиј Велики
Црвен крст Куманово во рамки на Недела на Црвен крст и Црвената полумесечина, која се одбележува од 8 до 15 мај, подели прехранбени пакети за социјално загрозените семејства во општина Куманово и приградските населби, информираа денеска надлежните од организацијата