Во општините Охрид и Дебрца веќе нема активни пациенти, односно лица позитивни на Ковид-19, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид
На православните гробишта во Тетово и Брвеница беа одбележани пет години од загинувањето на припадниците на специјалните полициски единици, Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски, во антитерористичката акција во Куманово на 9 мај 2015 година
Изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот COVID-19, според статистичките податоци на МВР, во Кичево помина мирно, при што целосно се почитувала забраната за движење
По повод 9 мај, Ден на победата над фашизмот делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски, претставници на Советот на Општина Велес и од општинската администрација и на политичките партии, денеска положија цвеќе на Спомен – костурницата, изградена во чест на жртвите од Велес и велешко од Народноослободителната војна
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Кичево, изврши чистење и дезинфекција на Зелениот пазар како дел од мерките за превенција од ширење на коронавирусот по што зелениот, но и сточниот пазар почнаа со редовна работа
По два месеца градскиот пазар во Дебар, денеска, кога е пазарен ден, почна да наликува на она што треба да биде. Освен неколкуте дебарски пазарџии беа и пазарџии од Тетово, Гостивар, Струга и Охрид, кои освен зеленчук и овошје, нудеа, како и претходно цвеќиња, мед и други производи
По повод одбележувањето на 9-ти мај – Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот, Општина Делчево и годинава пред споменикот на паднатите борци од НОВ во центарот на градот организираше пригодна свеченост
Во Македонска Каменица вечерва ќе се одржи првиот концерт како дел од настанот ,,Култура во време на корона“
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец
Во најмалата гостиварска Oпштина регистриран е првиот случај на инфициран од Ковид-19. Станува збор за маж, жител на едно од долнореканските села, чии резултати биле стигнати попладнево.