-Наградени беа по три најдобри маски од петте основни училишта во Штип, а со ова се мотивираат младите, учениците, децата да ги исполнуваат своите фантазии, вели Џамбазова-Николовска.
Поради пожарите викендов на Шар Планина, од управата на Националниот парк евидентирале дека се изгорени површини од вкупно 170 хектари. Десет вработени оделе 90 минути пеш за да стигнат до пожарите за да се интервенира со метли и лопати.
Гевгелија доби нов урбан градски парк. Паркот се простира на 6.000 метри квадратни меѓу двете социјални згради, крај булевар „Гевгелија“. Просторот е хортикултурно и партерно уреден, а располага со простор за одмор и рекреација и модерно осветлување.
Денот. како што додаде таа, е посветен на забавата и смеењето, каде што сите имаат можност да се забавуваат и да го испробаат својот креативен хумор.
Патешествието од Делчево до Африка, вклучително и искачувањето на Килиманџато, како што додава траело вкупно 12 дена.
Активен шумски пожар од вчера попладне има меѓу селата Барово, Бесвица и Вешје во општина Демир Капија.
Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вторник претпладне ќе има зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и благ пад на дневните температури.
За првпат после 50 години од изградбата на автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија.
Денеска е последен ден од времениот режим на патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица. Патот беше затворен за сообраќај за сите видови на возила, а на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација
Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимални температури од 23 до 28 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.