Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во понеделник максималната температура ќе достигне 29 степени, соопшти УХМР.
Почина Шаќир Алити, првиот градоначалник на Тетово по осамостојуавњето на Македонија, информираше Општина Тетово. Алити беше градоначалник од 1991 до 1997 година.
Во изминатите два дена, две деца се повредени поради напади и каснувања од бездомни кучиња, а граѓаните со разни дописи до нашата редакција алармираат дека и од дома не можат да излезат поради глутниците.
Со благослов Епископ Антаниски г. Партениј, претставници од Свештената бигорска Обител денеска пристигнаа во светогорскиот манастир на Светиот Великомаченик Георгиј - Зограф, каде што ја донесоа чесната икона на Светиот Победоносец.
Штипско Ново Село си го враќа автентичниот изглед со поплучување на улиците. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција во старата и историска населба ја најави втората фаза од проектот за поплочување на улиците.
-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.
Болнички се лекуваат 20 деца, дневно на одделението има и по 50-тина деца од новороденчиња до десет години. Оние со потешка клиничка слика, пневмонии се хоспитализирани, останатите со полесна клиничка слика се лекуваат на дневна болница.
Истовремено од „Охрид SOS“ потсетуваат дека Белчишко блато е блатен еко-систем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вироj“, вистински бисер на природата.
Дванаесет доктори на науки денеска промовираше Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип во рамките на одбележување на 17 години од постоењето. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на струмичкиот крај каде оствари работни посети на Секторот за внатрешни работи Струмица, Отсекот за управни работи Струмица и канцеларијата за управни работи во Ново Село.