Болнички се лекуваат 20 деца, дневно на одделението има и по 50-тина деца од новороденчиња до десет години. Оние со потешка клиничка слика, пневмонии се хоспитализирани, останатите со полесна клиничка слика се лекуваат на дневна болница.
Истовремено од „Охрид SOS“ потсетуваат дека Белчишко блато е блатен еко-систем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вироj“, вистински бисер на природата.
Дванаесет доктори на науки денеска промовираше Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип во рамките на одбележување на 17 години од постоењето. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на струмичкиот крај каде оствари работни посети на Секторот за внатрешни работи Струмица, Отсекот за управни работи Струмица и канцеларијата за управни работи во Ново Село.
МОН денеска објави конкурс и за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги за печатење зборници на трудови од одржаните научни собири за 2024 година.
-Се надевам дека во иднина ќе имаме помалку несреќи и барем ќе се воздржуваме од управување на моторно возило под дејство на алкохол и ќе го управуваме возилото според сите правила и стандарди за користење на истото, рече техничкиот министер за внатрешни работи.
Според Министерството, македонското вино најмногу се извезува кон земјите членки на ЕУ и токму овој нов закон придонесува непречено да се зголеми, но и олесни извозот на македонско вино и производи од вино кон ЕУ.
Документот чија основа се барањата на доминантното мнозинство хумани граѓани во земјава, барањата на активистите и здруженијата за заштита на животни, е работен и унапреден во соработка со бројни стручни и засегнати чинители и пресликува најуспешни меѓународни практики.
Изданието содржи седум препораки за КОМЗ – треба да има поголема присутност, административна служба, посилна институционална меморија, помало влијание на политички партии во негова работа и ротирачки претседател, а не на четири години.
Фреквенцијата и интензитетот на пожарите на ниво на предел постепено се зголемуваат, а времето и местото на појава се повеќе варира.