Медицинска екипа од Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом од Велес денеска на плоштадот „С’рмаале“ во центарот на Велес вршеа бесплатни превентивни медицински прегледи на велешани за мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и вкупен холестерол
Уникатниот иконостас стар 180 години во прилепската црква „Свето Благовештение“ мора да се заштити зашто може да падне, апелираат од прилеската црква која денеска со огромен број верници го одбележа празникот „Благовец“ и својот празник
Охрабрување за сите колеги и здравствени работници за којшто секогаш примарна цел е грижата за здравјето на граѓаните. Здравјето е човеково право, да го чуваме, здравје за сите, здравје насекаде
Екипите на Здравствениот дом – Куманово денеска по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето организираа бесплатни превентивни прегледи за граѓаните на Куманово
Реконструкцијата на главниот пат, како и повеќе краци од водоводната мрежа во Долно Лисиче е веќе во тек, како и многу други проекти со кои ги решаваме проблемите на граѓаните, многу од нив наследени токму од претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип денеска беа одбележани 78 години од бомбардирањето на градот. Со евоцирање спомени, положување цвеќе на споменикот на жртвите од бомбардирањето на Штип во 1941 година и пригоден говор, денеска членовите на Општинската организација на Сојузот на борци, претставници на локалната власт и на државни институции го одбележаа настанот
Иако поминаа четири месеци откако целосно му изгоре куќата, се уште нема никаков абер за помош на Шериф Ридаров од пехчевското село Црник. Ридаров без покрив над глава остана на крајот од ноември 2018 година и оттогаш упорно барал помош од неколку фирми, но досега никој не му излегол во пресрет
Граѓани и бизнисмени од Дебар поради немање електрична енергија денеска во близина на хидроцентралата „Шпилје“ кај Дебар протестираа барајќи од страна на надлежните да престанат со честото исклучување на електрична енергија
На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ попладнево пристигна првиот лет на авиокомпанијата „Еделвајс“ од Цирих.
Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, денеска оствари средби со жители на селата Љубаништа, Трпејца, Пештани и Елшани, сите сместени на источниот брег на Охридското Езеро.