Македонија мора да биде земја без рудници. Владата мора да го стопира овој проект. Наместо рудници, алтернатива е зелената економија.
Министерството за земјоделство по вториот круг на претстојните претседателски избори ќе излезе со предлог-решение за состојбата во овчарството. Во меѓувреме, ќе го следи откупот на јагнето и по неговото завршување ќе ги проанализира податоците од терен.
По напорните обиди во претходните две деноноќија, кичевските пожарникари ги изгаснаа сите пожари што се појавија на неколку локации во регионот.
Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд во западните и јужните делови и со снег на планините.
Нивоата на сите реки во земјава бележат опаѓање, но најдрастична е состојбата со Сатеска кај Ботун. Според денешните хидролошките мерења, Сатеска достигнува само два сантиметра за разлика од мартовскиот просек кој изнесува 49 сантиметри.
Ученици од основните училишта во Општина Аеродром ќе учествуваат на првоаприлско дефиле „Е-капитолијада“ што ќе се одржи во трговскиот центар „Капитол мол“.
Годинава по 13 години од мојата прва авантура во Перник, повторно решив да бидам дел од големата забава на отворено. Знаејќи дека секоја дружба со џоломарите е незаборавно доживување, заминав во некогаш најиндустрискиот бугарски град.
Не ни требаат субвенции, туку соодветна откупна цена за јагнето, велат одгледувачите на овци кои денеска во Министерството за земјоделство трет пат ќе се обидат да најдат решение за критичната, како што велат, состојбата во која се наоѓаат.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната температура од 10 до 18 степени.
Викендот жителите на Дојран го минаа во реализација на две еколошки акции за разубавување на градот во пресрет на годинашнава туристичка сезона.