Во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес во изминатата недела биле регистрирани првите тројца заболени од грип. Како што информира за МИА, епидемиологот д-р Билјана Трајкова станува збор за лица во возрасната категоријата од 19 до 65 години.
Новиот снежен бран во источна и југоисточна Македонија нема да создаде проблеми на магистралните и регионалните патишта, смета раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“-Штип Кире Коцев.
Тврдат дека веќе десет години се мета на крадци, од нивните куќи и дворови се крадат алати, врати, паричници, а последната се случила за време на викендов во домот на семејството на Марјан Стојчев.
Зградата на локалната самоуправа, градинката „Гоце Делчев“ и гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница ќе добијат фотоволтаични системи за производство на електрична енергија.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 9 февруари 2019 година. Вкупната финансиска поддршка изнесува 11.883.772 евра.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави две нови возила за собирање комунален отпад за општините Демир Хисар и Крушево. Возилата се обезбедени со средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа и преку Бирото за регионален развој.
Во Дебар децата-суројчари денеска ја продолжија вековната традиција, посакувајќи посреќна, повесела и побериќетна година.
Жителите на охридското село Куратица по 21 пат празникот на селото Свети Василиј Велики ќе го одбележат со голем карневал под маски.
Почна зимската школа "Библиоарт" за 44 ученици од штипските основни и средни училишта, која што веќе втора година ја организира Националната установа универзитетска Библиотека (НУУБ) „ Гоце Делчев" во Штип.
Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.