Во мај ќе бидат готови конаците на манастирот „Трескавец" кај Прилеп кои речиси шест години од опожарувањето се градат, информираат од прилепскиот „Завод и музеј".
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните служби од ЈП Македонија пат.
Во поширокиот дебарски регион, според наследената традиција, нема коледарчиња за Бадник, но затоа за Василица има деца суројчари.
Секој од нив носи чизми и чевли, изработени од својата компанија, сите препознатливи по одлична изработка на кожата, така што не може да не се забележи карактеристичниот дизајн и умешноста на работниците и занаетот што се пренесува со генерации во градот.
Џоломарите се подготвени, на Василица ќе ги избркаат лошите духови од Тиквешијата. Станува збор за група мажи со кожувчиња и грпки, лица исцрнети со саѓи, стапови и клопотарци со кои прават врева и на тој начин го бркаат злото за да направат пат за добрината. Во групата има и двајца мажи преправени во невеста и баба, кои ги симболизираат плодноста и мудроста.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Пред спомен-бистата на воениот пилот, капетан Игор Ѓорески-Хектор во Гевгелија денеска беше положено цвеќе. Тој трагично загина пред 11 години во хеликоптерската несреќа на враќање од мировната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Во делчевското село Ѕвегор течат последните подготовки за василичарскиот обичај „Сурова”. Според организаторите на карневалот, веќе се подготвени околу 100 маски кои низ селото ќе продефилираат на 14. јануари за време на празникот Василица. Делчо Гошев, еден од кумовите на „Ѕвегорска Сурова” вели дека ова е традиција која датира од пред 100 и повеќе години.
Рударскиот град Пробиштип ќе добие Музеј на ретки минерали, неговата реализација ќе почне годинава, најави градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.
Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка ги сподели препораките за граѓаните од повисоките предели и сите граѓани кои се движат во планина во зимски услови,со кои ќе се превенираат несакани последици и ќе се заштитат граѓаните.