Секторот за внатрешни работи Тетово започна со практична реализација на превентивниот проект „Голомразицата и снегот-предизвик за возачите и пешаците“ информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Активностите според планираната програма ќе траат до 15-ти март, идната година. Носител на проектот е Отсекот за превенција во соработка со полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и полициската станица Гостивар.
Oпштините што имаат натрупано долгови во изминатите години на општинските веб страници ги објавија листите на фирмите и институциите на кои им должат. Општина Пробиштип, која пријави долг од 72.500.000 денари е најзадолжена општина во источниот регион. Овој долг на општината е заклучно до септември 2018 година. Листата на должници, која веќе е објавена на веб страницата е долга.
Поради изведување на градежни активности денеска и утре на Автопат А1, делница Катланово-Велес (пред наплатна станица Сопот) и Автопат А1 делница Велес-Катланово (после наплатна станица Отовица), ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.
Кумановскиот театар идната година ќе се реновира, соопшти денеска директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.
Во гинеколошкото одделение во гостиварската болница од денес ќе работи школо за родителство во кое ќе се врши обука и едукација на идните родители.
Пратениците од гостиварскиот регион од денеска ќе остваруваат директни контакти со граѓаните во петте канцеларии.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) за утре најавува протест во Прилеп барајќи зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор. КСС бара и работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори и почитување на социјалниот дијалог.
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Вардар кај Демир Капија, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Штип, на Црна Река кај Новаци, на Црни Дрим кај Ложани, на Треска кај Македонски Брод и на Сатеска кај Ботун.
Во организација на земјоделско-сточарското здружение „Агро центар” од Велес, денеска во село Теово, општина Чашка, ќе се одржи 9. средба на сточарите, како и на претставници од локални земјоделски здруженија во Македонија.
Саем за кариера ќе се одржи денеска во Битола на кој компаниите ќе пондат над 100 слободни работни места.