Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска ќе одржи подготвителна седница за носење одлуки за издавање привремени лиценци за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала.
Во организација на подрачната единица на АПРЗ и земјоделско-сточарско здружение „АГРО ЦЕНТАР“ од Велес, денеска во с. Теово, општина Чашка, ќе се одржи деветта средба на сточари (одгледувачи на овци) и земјоделци од Републиката.
Заштитната цена на такси во Куманово се зголемува од 50 на 60 денари, одлучија советниците на денешната седница.
Сообраќајот на патиштата се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб снег, што не се задржува на коловозот, провејува во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.
Проектот „Реконструкција и адаптација на влезот и салата од Советот на општина Охрид“ беше избран за приоритетен проект на последната, четврта по ред сесија од Форумот на заедници што денеска се одржа во Охрид. Проектот вреден 50 илјади швајцарски франци ќе се реализира со целосна финансиска поддршка на УНДП и Амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Пред крајот на буџетската година општина Струмица продолжува со интензивно подобрување на уличната инфраструктура. Во изминатиот период се работеше на асфалтирање на повеќе улици. Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски денеска беше на улицата „11 септември“, каде се поставува нов слој асфалт.
Државниот секретар за здравство, Владимир Милошев, попладнево беше во посета на Невропсихијатриската болница во гевгелиското село Негорци каде го промовираше почетокот на работата за реконструкција на одделението за акутно заболени лица.
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски одржаа прес конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави, под мотото: ,,Иднината им припаѓа на оние што се подготвени“.
Да се обезбедат повеќе финансиски средства за заштита на црквата „Свети Ѓорѓи“ во село Курбиново за наредната година, како и инфраструктурни услови за пристап до објектот. Ова беше заклучокот од денешната трибина „Актуелната состојба со црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, репрезент на светското културно наследство од Република Македонија“ што се одржа во општина Ресен во организација на локалната самоуправа и Завод и музеј – Битола.
Според Дајана Танеска, регионален портпарол, процентот е на задоволително ниво и потсетува дека даночните обврзници електронското регистрирање може да го направат до крајот на годинава.