Во организација на Стрип центарот на Македонија-Велес во средношколскиот дом „Лазар Лазаревски„ од 21 до 26 август се одржа првата стрип колонија во Велес која е воедно и прва стрип колонија во Македонија, насловена „Велес 2018“.
Пријавување на планинарските тури особено во есенски и зимски временски услови, во функција на лична и заедничка безбедност на планинарите, е еден од заедничките заклучоци од средбата на претставници од Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово со раководства на четири тетовски планинарски друштва со над 500 членови.
Блок 2 на Термоелектраната „Битола” денеска повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт.
Проектот, во кој како партнери се министерствата за образование и за внатрешни работи, има за цел да обезбеди анализа на ризикот и степенот на безбедност на децата во зоните околу училиштата преку мобилна и веб апликација.
Двојно е намален водостојот на Пчиња во однос на септемврискиот просек, а намалени се и нивоата на Вардар кај Јегуновце, Крива Река и Брегалница кај Берово, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Социјалните случаи од Кавадарци, се ослободуваат од плаќање на сметки за комунални услуги, за период од една година, одлучи Советот на општината. Ослободувањето се однесува на сметки за користење на вода за пиење, собирање и транспорт на смет и други комунални услуги.
- Слатко од диви смокви првпат направив во 1988 година. Оттогаш варам секоја година. Просечно правам 50 до 80 големи тегли годишно. Сами ги береме смоквите, ги има кај местото т.н. Извор над Валандово (каде што извира водата за пиење), но некои призводители веќе имаат и свои плантажи.
Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител", попознат како Бигорски манастир, го одбележува Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.
Ова денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку на конференцијата на тема „Шар Планина - треба ли да биде прогласена за Национален парк" во организација на Балканскиот институт за регионална соработка.
Лица од третото доба од Крива Паланка денеска присуствуваа на едукативна работилница „Вовед во стареењето и човекови права на старите лица“.