Иселени лица од Поткожувјето, потомци на некогашните жители, како и туристи, се собраа денеска на селска слава во кавадаречкото село Мрежичко. Се евоцираа спомени, се правеа планови за идни проекти за развој на селскиот туризам.
БАС Институт за менаџмент-Битола, со поддршка на Министерството за образование и наука, сектор за високо образование и општина Битола, утре и в сабота ќе биде домаќин и организатор на 5. Меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“.
Полицијата во Тетово од средината на октомври презема засилени контроли со цел нормално одвивање на сообраќајот и почитување на правилата и прописите. Командирот на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Зоранчо Талев вели дека за нормално одвивање на сообраќајот особено низ централното градско подрачје потребно е сите учесници, а особено возачите да ги почитуваат правилата и прописите за паркирање.
За една година ние имаме преземено конкретни и сериозни чекори за решавање на проблемот со бездомните кучиња, но законите и бирократските процедури не ни овозможија поголема ефикаснот, рече градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на прес-конференција посветена на трагичниот настан во кој една средношколка го загуби животот.
Oпштина Кочани беше домаќин на претставници од граѓански организации од Молдавија и Албанија кои се вклучени во проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и Република Молдавија“, што со поддршка од Фондот за развој на жените на Обединетите нации – UN Women се реализира во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија.
Затекнав хаотична состојба со милионски долгови во општината, рече неготинскиот градоначалник Тони Делков на свечената седница по повод 74 години од ослобоодувањето на Неготино. Тој нагласи дека затекнал заглавени и замрзнати проекти во делот на водоснабдувањето и патната инфраструктура, сообраќаен хаос, долгогодишни наталожени проблеми на граѓаните.
Со новата мерка на програмата за рурален развој во Делчево се очекува олеснување на процесот на изградба на современ градски пазар во Делчево.
Општина Охрид бара од надлежното Министерство за транспорт и врски да преземе итни мерки за спречување на натамошно намалување на водостојот на нивото на Охридското Езеро. Негативните последици од нискиот водостој особено е изразен во Студенчишкиот канал каде се забележува недостаток на кислород што се забележува во однесувањето на рибата.
Штип денеска одбележува 74 години од ослободувањето на градот. На свечена седница ан Советот на Општина Штип признанието „Осми Ноември“ беше доделено на новинарот Мишко Иванов, универзитетскиот професор Билјана Балабаона, актерката Јелена Јованова и на штипската компанија „Кит Го“.
Вкупно 780 невработени лица од Куманово поднеле барање до Центарот за вработување за остварување право на материјално обезбедување поради приватизација на компаниите со доминантна сопственост на државата.