Македонската асоцијација на новинари (МАН) го поздравува успехот на меѓународните преставници со кои имаше консултации и средби, да извршат притисок за конечната промена на ставот на ЗНМ, ССНМ и Советот за етика, за кој МАН се залага од 2010 година, преку 2013 година, за регулација на интернет порталите во Република Македонија.
Како што истакна градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски одбележувањето на "11 Октомври - Денот на востанието", продолжува утре со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на загинатите борци од НОВ.
Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА), по иницијатива на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за проектот на СОС Детско Село - Македонија „Football is power“, додели 50.000 евра, со цел развој на спортски активности за децата од невладината организација.
Од состанокот, како што соопшти АХВ, е заклучено дека системот на прифатилиште е најсоодветен систем за контрола на популација на кучиња кој треба да го воспостават општините. Неопходно е локалните самоуправи да имаат донесено и соодветната програма според која ќе се врши контролата на популација на кучињата.
Германскиот амбасадор Томас Герберих за време на денешниот престој во Битола се сретна со градоначалничката Наташа Петровска и разговараа за инвестициите на германските компании во таа општина.
Утре почнува 13. есенска кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за вакцинација на лисиците против беснило.
На работилницата за креативно размислување поддржана од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ, пет тима составени од млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за реализација на своето иновативно решение за општествен проблем што го идентификуваа во својата заедница.
По деветти пат денеска во центарот на Прилеп започна манифестацијата „Денови на медот“, која има за цел да ја нагласи употребата на медот како здрава храна. Своите пчелни производи пред прилепчани ги изложуваат 20-ина медари од Прилеп и од повеќе градови во земјава.
Во пресрет на празникот и одбележувањето на 77-годишнината од почетокот на народното востание во НОБ 1941-та, во локалната самоуправа во Прилеп пригодно беа отркиени копиите на орденот-народен херој што градот го доби во 1975-та година, а кој пред 24 годин и исчезна од тогашните општински простории и до денес нема ниту трага ниту глас.
Општина Охрид денеска со свеченост во големата општинска сала започна со активностите за одбележување на 11 Октомври - Денот на народното востание.