Вкупно 72 дозволи за собирање споредни шумски плодови биле издадени на физички лица од Општините Крива Паланка и Ранковце од страна на Јавно претпријатие „Македонски шуми“- Подрачно шумско стопанство „Осогово“, во тековната сезона.
Во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија предводена од командантот на Полкот за специјални операции, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, денеска положи цвеќе пред нивниот споменик во Љубанци.
Рудникот за олово и цинк САСА во учебната 2018/19 година ќе стипендира 20 студенти на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) од кои 10 од студиската група Рударство и по петмина од студиските групи Геологија и Инженерство на животна средина. Тие ќе добиваат годишни стипендии во вредност од по 200 евра.
Сообраќајот на патиштата денеска се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај поради летните одмори е зголемен. Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Преспанското крајбрежје и оваа туристичка сезона има максимална посетеност. Туристичките капацитети иако во мал број исполнети се до последното легло.
Македонија денеска одбележува седумнаесет години од загинувањето на осуммината припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година.
Плоштадот „Коцка“ во Автокоманда, кој се наоѓа зад Домот на културата „Димитар Влахов“, ќе добие нов изглед. Граѓаните од овој дел на Гази Баба ќе добијат ново катче кое ќе биде мултифункционално, наменето за сите возрасти.
Поради големиот интерес кој владее за посета на летниот камп по веринаука, што се одржува во Бигорскиот манастир и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, ќе биде одржана уште една смена.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Општина Кочани ја започна постапката за изработка на локална урбанистичко-планска документација со намена за домување во индивидуални станбени објекти, по чија изградба ќе бидат дислоцирани дваесетината семејства кои нелегално се вселени во објектот на старата касарна.