- Со овој договор за користење на финансиска поддршка сакаме да помогнеме на Научниот институт за тутун – Прилеп бидејќи е тесно поврзан со претпријатијата за производство и обработка на тутун, истакна Трипуновски.
За време на самитот, Меџити потенцираше дека визијата за напредокот на Северна Македонија се заснова на јасен пат кој обезбедува одржлив развој, во тесна соработка со образовните, академските и научните институции.
Во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели, најавија организаторите од Општина Велес.
Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека присуствувал на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ кој е гурманска симфонија од вкусови.
Децата со Даунов синдром од Република Македонија, заедно со нивните родители, пристигнаа во дводневна посета на Софија, како дел од кампањата на Билјана Ангелова и фондацијата „Бугарска меморија“ – „Заедно за децата“, соопшти организацијата.
11 Октомври како што беше додадено е симболот на самосвеста на македонскиот народ, историски паметник за херојството, означување на слободата, во која денес ја градиме нашата држава.
Со перформанс на погреб на Мајката природа пред општинската зграда на Ново Село, екологистите и граѓаните организирани од „Здрава котлина“ и „Сега е“, преку втор протест го искажаа своето незадоволство од изградба на Леарница за алуминум во близина на општинскиот центар.
Куманово го чествува празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 83 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.
Според Трајковски, брендирањето е важно за потрошувачите да знаат од каде е медот.
Со поклон и почит пред моштите на загинатите борци кои се во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп, бројни делегации го означија чествувањето за празникот 11 Октомври - Денот на народното востание.