Во текот на август, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 шумски пожари што повеќето се прошириле и, како што истакна Ангелов, биле тешки за гаснење.
- Пожарот над селото Гари, на планината Стогово, вчера го ставивме под контрола, а денеска е целосно локализиран. Бидејќи врне дожд нема никаква опасност повторно да се разгори, рече Мифтароски.
Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола.
Ставен е под контрола големиот пожар во планината Стогово, над дебарското село Гари, област Мала Река и не постои никаква опасност по ова и соседното село Осој, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за МИА попладнево изјави дека инспектор ќе провери дали има помор на риби во реката Луда Мара, откако во јавноста беа објавени такви информации.
Пожарот на планината Галичица, меѓу Охридското и Преспанското Езеро, делумно е под контрола, дејствуваат над 120 лица, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава.
Откупните цени за грозјето што ги истакна Министерството мора да се почитуваат, истакнал денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, информираат попладнево од Министерството.
Ние не можеме да се надеваме на рентабилно производство ниту по квалитет нити по квантитет, ако немаме количина на вода.
Селото Сирково е заштитено, куќите и црквата се безбедни, пожарникарите го гаснат големиот пожар во росоманско, потврдија попладнево за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.