Патот од Солун кон Евзони е отворен пред 20ина минути, а во спротивен правец е се уште затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција.
Припадниците на хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации продолжуваат да им даваат поддршка на македонските колеги во борбата против пожарот.
Пред околу два часа во Македонски Брод, кај селото Слатина избувна нов пожар. Гори нискостеблеста шума. Ова е вторпат во еден месец кај селото да избувне пожар.
Над 15.000 патници влегле, над 16.000 излегле на граничниот премин „Табановце“ за време на продолжениот празничен викенд, информираа денеска од МВР. На граничниот премин „Пелинце“, пак, влегле над 5.000 лица, а излегле над 1.700.
Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел.
Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со појава на попладневна облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.
Под контрола се ставени пожарите во Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила, во Општина Богданци, кај месноста викана Погана кон ветерен парк Богданци и во Општина Пласница, кај село Латово.
- Пожарите се локализирани и завршени, моментално на територијата на општините Куманово и Липково нема активни пожари, велат од РЦУК Куманово.
Хеликоптерите на Одделот за воздухопловни единици на МВР во текот на денот фрлија преку 105 тони вода врз пожарите кај село Семениште, Јасен и во Светиниколско.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска по повод Илинден го посети струшкото село Ташмаруништа, во кое, како што објави на својот Фејсбук профил, редовно го одбележувал денешниот празник додека бил лидер на опозицијата.