Два пожари се случиле вчера на подрачјето на кумановско, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот билтен. Припадниците на територијалната противпожарна единица интервенирале на опожарена слама и на куќа во кумановска населба.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране 21 литар на метар квадратен, во Тетово 15, Дебар 13, Охрид 11, Крушево 9, Скопје 6, а најмалку во Штип еден литар, соопшти УХМР.
Марија Митрушеска е ученичка во средното економско училиште во Тетово, „8 Септември“, а планира да студира во Скопје.
Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната само до 6 степени.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Пообилни врнежи ќе има во северозападните и североисточните делови од земјава, кои локално ќе бидат и над 15 л/м2.
Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денешниот протест пред Министерството за здравство го започна со едноминутно молчење во знак на 3.860 починати од кои само 50 се во последното деноноќие.
Оштетени се лозја и овошни насади во пожарот меѓу росоманските села Рибарци и Паликура, за МИА потврдуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
Веќе петти ден потрагата по исчезнатиот 59 годишен гевгеличанец Илија Минов, не дава никакви резултати.
Под мотото „Право и правда“ денеска во Кочани се одржа деветтото издание на манифестацијата Вечер на македонскиот афоризам, чиј организатор е граѓанското здружение Афористичка репрезентација на Македонија (АРМ).
Десет години по ред најдобрата најава на пролетта во Кичево се расцветаните јапонски цреши, засадени на главната улица.